За 8 дена, самопопишани 40 397 нашинци во странство

Преку апликацијата за самопопишување заклучно со денеска наутро евидентирани се вкупно 40 397 лица кои се во странство.

Иселениците имаат рок до 21 април да ја направат оваа оепрација, која според Државниот завод за статистика (ДЗС) трае само 10 минути и воопшто не е сложено.

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почна со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците.

Пописот на резидентното население ќе започне на 1 април и ќе трае до 21 април.

Претходна вестКовид во 24 часа: Висока бројка на починати и 316 нови заразени од 1.562 тестирани
Следна вестЗа „Јавна соба 2“ нема ни милиметар напредок