За четири часа до казни стасаа 243 пешаци

Вкупно 243 казни вчера биле изречени на пешаците кои направиле сообраќајни прекршоци во повеќе градови во земјава. МВР денеска соопшти дека прекршоците се зебележани во текот на сообраќајна контрола во периодот од 08.00 до 12.00 часо.

-При контролата, санкционирани се 243 пешаци од кои, 227 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата регистрирани се и 106 останати прекршоци, соопшти полицијата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, наведе МВР.

Претходна вестЛуфтханза од 23 април со летови од Скопје до Франкфурт
Следна вестДебар Маало новогодишно украсено во чест на Горан Стефановски, „ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да не’ осветли неговата искра“