Нов случај на напад на возач на ЈСП „Скопје“ е забележан синоќа во скопското село Бојане.
МВР информира дека синоќа во 20.00 часот во СВР Скопје, Џ.Х.(32) од скопското село Сарај пријавил дека околу 18.40 часот во с. Бојане, Скопско, во автобус на ЈСП, каде извршувал работни задачи како возач, бил физички бил нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Ова е втор случај во е нападнат возач на најголемиот градски превозник. Пред четири дена возач на ЈСП бил нападнат во Центар. Тој бил претепан од едно лице со употреба на тврд предмет.
-А.З.(47) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет, соопшти тогаш МВР.