За еден ден казнети 50 возачи во Скопје поради пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се и 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за користење на мобилен телефон, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните на почитување на сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата
Следна вестОпозицијата бара оставки од Османи и Маричиќ поради прегоравачките позиции со ЕУ