За новата градника во Центар ќе се сечат четири дрва за да потоа се насадат 20 нови

Четири дрва ќе бидат исечени за да се ослободи просторот за почеток на градба на новата градинка во наслбата Пролет, соопшти денеска скопската општина Пролет. Наскоро треба да почне градбата на детска установа на вкупна бруто површина од 3276 метри квадратни, со што ќе биде една од најголемите детски градинки во државата.

-Во наредните денови ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на општината ќе отстрани 4 дрва (2 копривки, липа и софора), со кои ќе се ослободи простор и ќе се овозможи изградба на градинката. Дополнително, со помош на специјална механизација, ќе бидат пресадени уште 4 јасени во парцелата на која ќе се гради градинката. На местото на отстранетите дрва ќе бидат засадени нови 20 високо калемени садници од видот Јавор и друг вид на средно и ниско зеленило кое на просторот околу објектот на градинката ќе му даде нова свежина и нов лик, се наведува во информацијата.

По завршувањето на градежните активности поврзани со новата градинка, ќе се добие зелена површина на околу 2.000 метри квадратни, со што општината ќе заштити животната средина, а овој простор ќе стане ново зелено катче во населбата Пролет.

Детската градинка, која наскоро ќе започне со изведба, е првата целосно нова градинка која ќе се гради во Општина Центар по повеќе од 50 години, прва воопшто во населбата Пролет.

Претходна вестДо полноќ траеа тензиите меѓу пратениците во Собранието
Следна вестДимовски: Власта да не се крие, продолжуваме со штрајкот