За шест месеци околу 16.500 Албанци побарале азил во Европа и Британија

Над 16.500 албански државјани побарале азил во земјите од Европската унија и Велика Британија во првата половина од годинава. Според извештајот на Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА), објавен во средата, во периодот јануари-јуни 2023 година, во земјите на Европската унија, албански државјани поднеле 4.779 барања за азил, од кои 3.602 за прв пат, пренесува “Гласот на Америка„.

Според Европската агенција за азил, 3.444 поднесени барања од претходните години чекаат да бидат разгледани, додека од одобрените 4.642 решенија, само 1 отсто се албанкси државјани. Според британските власти, во првите 6 месеци од годинава околу 11.790 барања за азил биле од албански државјани.

Трендот на барања за азил на Албанците и понатаму останува многу висок во споредба не само со земјите од регионот, туку и пошироко. Податоците од првата половина од годинава покажуваат дека Албанците масовно бараат азил во однос на претходниот период.

Претходна вестСледната недела прв фестивал за миленици во Скопје
Следна вестГо фатиле се дрога, се обидел да бега и удрил во полицаец