Го фатиле се дрога, се обидел да бега и удрил во полицаец

При преглед кај С.Т.(27) од Велес и на мопедот кој го управувал била пронајдена дрога. Тој се обидел да бега и со мопедот удрил во полицаец.

– Вчера во 13.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Т.(27) од Велес. При преглед кај него и на мопедот кој го управувал биле пронајдени и одземени хероин и марихуана.

Исто така, пред лишувањето, на улица „Богдан Каракостев“ во Велес тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што се обидел да избега и со мопедот да удри полициски службеник, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветена пријава.

Претходна вестЗа шест месеци околу 16.500 Албанци побарале азил во Европа и Британија
Следна вестМалолетници претепале дете, ја снимиле тепачката и се фалеле