Забрана за камиони на повеќе патни правци во државата

Поради врнежи од снег и ниски температури воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе патни правци во земјата, соопшти АМСМ.

Од 18:10 часот се воведува забрана за движење за ТТВ на ГП Деве Баир и на планинскиот премин Плетвар.

Претходно од 17.00 часот беше воведена забарана и на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан.

Од 10:00 часот е воведена забрана за ТТВ и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража. А од 07:00 часот, беше воведна забрана на патниот правец крак Маврово – Дебар.

За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат, соопшти АМСМ.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ поддржува во личните карти да стои етничката припадност
Следна вестСнегот ќе паѓа и денеска, температурата до максимум -4 степени