Патниците од Косово кои транзитираат низ земјава ќе треба да покажат негативен ПЦР тест за корона вирус при влез во Македонија. Ваков предлог на утринскиот состанок донела Комисијата за заразни болести.
– Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест непостар од 72 часа, се вели во соопштението.
Предлогот од Комисијата ќе биде доставен до Владата која ќе треба да се изјасни по него.
До предлогот доаѓа откако се испостави дека повеќе косовски државјани кои од Скопје летале со авион до финскиот град Турку биле позитивни на корона вирус. Во три лета до сега имало вкупно 43 позитивни патници, а кои с едржавјани на Косово, Финска и други земји.