Што навистина ќе се случи со Пржинската влада?

Дилема околу тоа дали и натаму ќе се применува „Пржинскиот модел“ за правење Влада пред идни парламентарни избори се појави вчера откако лидерот на СДСМ Зоран Заев најави негово укинување по создавањето на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ. Заев вчера изјави дека Пржинскиот модел, односно, влада нема да се применува од следни парламентарни избори за четири години, односно, дека ќе биде укинат. Наместо тоа тој најави дека во последните 100 дена од мандатот на новата влада премиер ќе биде личност предложена од ДУИ.

-Тој ќе функционира со полн капацитет, а со тоа сите политички партии ќе бидат рамноправни. Односно, лидер на некоја партија нема да биде премиер. И ВМРО-ДПМНЕ е согласно со укинувањето на Пржинскиот модел, објасни Заев.

Меѓутоа, од вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ произлегува дека оваа најголема опозициска партија не се согласува со ова.

-Самиот Пржински модел беше договорен меѓу опозицијата и власта, Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор кој беше гарант на тој модел да го укинува еднострано и да го пазари во договорот за неговата влада. Оттука се работи за уште една нова спектакуларна лага на двајцата лидери која има за цел да се отргне вниманието на крими коалицијата која ќе ја формира владата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Пржински договор беше потпишан на 1 септември 2015 година помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија за разрешување на политичката криза во Македонија. Тој предвидува сто дена пред парламентарните избори опозиција да предложи свои кадри за министри з авнатрешни работи и труд и социјална политика, како и повеќе дополнителни заменици – министри. Во тој период се повлекува и премиерот и се назначува технички премиер, а оваа техничка влада има обврска да ги спроведе изборите.

По вака различно ставови на новите владини партнери и на најголемата опозициска партија дилема е што ќе се случи со Пржинскиот договор? Го фалеа долго време, а сега бришат под со него, за потоа на чисто си поминат кон владината зграда.

Претходна вестДенеска е Преображение Господово
Следна вестЗадолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ Македонија