Заев ја брани „Северна“ во името на Македонија – многумина го крателе

Не треба да се крати целото име на државата – истакна премиерот Зоран Заев. Според него противуставно е користењето на кратенката С. Македонија и додава дека тоа е понижување за државата и непочитување на Уставот.

Премиерот апелира да се користи уставното име на државата, Република Северна Македонија, по сѐ почестата употреба на кратенката Република С. Македонија, која во последно време се користи и од политичари.

-Прво, нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С. Македонија. Тоа е понижување кон државата и Уставот на државата, секако и кон преспанскиот договор, кој прерасна во закон со ратификацијата во Собранието, а кај нас тоа е преточено и во Уставот. Јас можам да разберам дека некој не се согласува со вакцините и слично, но сите се согласуваме со демократијата. Демократијата вели тоа е новиот Устав што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, истакна премиерот Заев.

За него, односот кон уставното име на државата кажува каков е, всушност, секој поединец.

 

Претходна вестГрадежниот шут од автопатот ја загрозува Демиркаписката Клисура
Следна вестОд 13 септември, акција за собирање кабаст отпад во Кисела Вода