Премиерот Зоран Заев не планира да поднесе оставка по вчерашниот неуспех да започнат преговорите за членството на Македонија во ЕУ поради неуспешните преговори со Бугарија и ветото кое оваа соседна земја вчера го даде.
–Нашиот народ стои на европската агенда. Целиот наш народ е зад нас, и ние сите најодговорните од извршната, локалната власт и претседателот Пендаровски, му служиме најдобро, рече Заев во гостувањето на ТВ21.
Во емисијата тој рече дека не знае каде Македонија го прекршува Договорот за добрососедство како што велат бугарските власти. И тоа, според премиерот, е многу чудно, затоа што кога би знаел, би се отворило тоа прашање и би можело да се реши.
–Не кажува ништо Бугарија и тоа е чудно. Да знаеме каде сме го прекршиле, ајде да го отвориме прашањето. Јас мислам дека нема прекршување на договорот, а Бугарија ако смета дека има, јас не знам каде е, вели Заев.