Перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција била во фокусот на денешната средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Бугарија Румен Радев на завршницата на Самитот на НАТО во Брисел.
Премиерот Зоран Заев оваа недела ќе оди во Софија. Ова е единствената конкретна работа што може да се извлече како резултат од денешната средба со бугарскиот претседател Румен Радев на крајот од Самитот на НАТО во Брисел.
Освен дека разговарале за перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција на нашата земја, нема ништо повеќе во владиното соопштение, во кое се вели дека Радев ја потврдил принципиелната и континуирана поддршка за иднината на нашата земја во ЕУ, како и очекувањето на Бугарија за непосреден и активен политички дијалог низ кои ќе бидат разрешени отворените прашања во меѓусебните односи.
Но, она што медиумите го заабележаа од денешниот самит е улогата на фрранцускиот претседател Емануел Макрон, кој како што мoже да се види од неколку фотографии, прво разговара со Радев, а потоа и со Заев. Засега нема информации за што разговарал.
Макрон минатата недела, на Заев во Париз му рече дека нашата земја треба да ги почне преговорите со ЕУ што е можно поскоро. Едиствена пречка е бугарското вето.