Застрелан маж пронајден во велешката болница

Вчера попладне околу 14.30 часот било пријавено дека во кругот на Општа болница Велес било пронајдено тело на починат 74 – годишен маж. Мажот бил застрелан од огнено оружје.

– Лекар од болницата констатирал смрт со прострелна рана од огнено оружје, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестГо снема дрворедот на „Васко Карангелески“ во Аеродром, а го ветуваа спротивното
Следна вестМакедонски јуниори освоија четири бронзени медали на Меѓународна олимпијада по природни науки