Затвореник од „Идризово“ со нож нападнал затворски чувар

Вчера во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа затвор „Идризово“ е пријавено дека околу 14 часот, настанала расправија помеѓу неколку осуденици.

По интервенција на затворски полицаец, осуденикот А.М. се обидел да го нападне со нож. Според пријавеното, затворските полицајци му го одзеле ножот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестТешки битки се водат во Источна Украина, потврдуваат и Русите и Украинците
Следна вестМОН: Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите