Заврши сезоната за Елмас во ЛШ, изгуби од поранешниот тренер

За македонскиот фудбалски дијамант, Елиф Елмас, синоќа заврши оваа сезона во Лигата на Шампионите. Имено, неговиот „Лајпциг“ одигра 1:1 со „Реал Мадрид“ што не беше доволно за да се пласираат во четвртфиналето.

Елмас во игра влезе во 84-тата минута од натпреварот кој се одржа во Мадрид. Неговиот тим одигра добар натпревар и буквално во се го засени кралскиот клуб, но и покрај многуте шанси и шутеви кон голот не постигнаа погодок повеќе.

Македонскиот фудбалер по натпреварот со пријателска преградка му го честита понатамошниот пласман на својот поранешен тренер Карло Анчелоти. За потсетување, токму тренерот на Реал го повика Елмас да игра во Наполи со што се отворија ширум вратите за македонкиот репрезентативец во најдобрите фудбалски лиги во Европа.

 

Претходна вестПендаровски начелно ја прифаќа идејата за лекување на украинските војници во Македонија
Следна вестШтрајк во „Македонски шуми“, иако нема плата за два месеци се вработуваат нови 400 лица