Здравствен дом – Скопје ќе вработи 40 лекари, специјалисти, дефектолози, логопеди, психолози…

Вработување на околу 40 здравствени работници, кадар што ќе биде ангажиран во Брзата помош и превентивните пунктови, најави денеска директорот на Здравствен дом – Скопје Виктор Исјановски.

При денешната посета на новата амбуланта во општина Бутел Исјановски соопшти дека огласот е објавен во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае пет работни дена.

-Ќе бидат примени 22 општи лекари, четворица специјалисти, потоа дефектолози, логопеди, психолози. Бројката е околу 40 и нешто вработувања во Здравствен дом – Скопје и ќе гледаме со тој кадар да се надополни во Брза помош и во превентивните пунктови каде што најмногу ни се потребни, изјави Исјановски.

Здравствен дом добил и допис од Министерството за здравство дека ќе добијат седум нови санитетски возила за Брза помош за Град Скопје.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија
Следна вестЛавров: Ситуацијата на Косово е алармантна, ќе се случи експлозија во центарот на Европа