Скопје вчера регистрираше најголем број случаи со пертусис на дневно ниво. Потврдени се нови 14 пациенти заболени од ова заболување. Меѓу нив има од сите возрасти, деветмесечно бебе, возрасен од 43 години како и деца кои одат во градинка и училиште.
Целосно заштитени, делумно вакцинирани но и прваче кое нема ниту една вакцина од задолжителниот календар, велат од Центар за јавно здравје – Скопје. Со нив во главниот град до сега има 138 случаи.
Поради ваквиот развој на ситуацијата Комисијата за заразни болести вчера побара позасилени контроли на Државниот санитарен и здравствен инспекторат низ градинките за да видат дали примаат невакцинирани деца.
Возрасните не се ризична категорија, туку децата под две години и затоа не секој што кашла треба да оди на ПЦР тестирање.
Вакцини за возрасни треба да стигнат во државата околу 15-ти овој месец и тие се препорачуваат за лица кои живеат со мали бебиња за да ги заштитат.
Сепак, според Комисијата за заразни болести состојбата на национално ниво не е загрижувачка. Вројот на заболени од ова заболување расте и во регионот.
Во Србија од почетокот на годинава евидентирани се речиси 850 случаи, од нив 2 завршиле со смртен исход.