Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени тројца дилери

Продажбата и користењето на наркотични средства станува ,,нормално” кај младата популација. Затоа, Министерството за внатрешни работи продолжува со полициските акции во кои се детектираат, но и ги апсат дилерите на дрога. Последен таков случај имало вчера во подрачјето на општина Карпош, Скопје кога биле уапсени три лица. За настанот со соопштение се огласија од МВР, кое ви го пренесуваме во целост:

– На 05.03.2024 околу 22.00 часот на подрачје на Карпош, пред зградата во кој времено престојува Ф.П., од слобода бил лишен Д.П., при што кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По преземени мерки и активности, 5-ти и 6 март во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода Ф.П.(29), Д.Д.(32) и Д.П.(25), сите од Скопје, за кои постои сомнение дека се дилери на дрога.

На 05.03.2024 околу 22.00 часот на подрачје на Карпош, пред зградата во кој времено престојува Ф.П., од слобода бил лишен Д.П., при што кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Подоцна, при претрес во станот кој го користи Ф.П., извршен со судска наредба, тој бил затекнат како со Д.Д. пакуваат марихуана. Притоа, биле пронајдени 78 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага, пари и други предмети со остатоци од наркотична дрога, се вели во денешното соопштение од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЗдравствениот инспекторат во засилени контроли во градинките – за еден ден регистрирани 14 заболени со пертусис во Скопје
Следна вестИзвештајот на ДЗР јасно констатира дека власта е неподготвена, неспособна и криминална, затоа 7 години нема изградено 1 километар автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ