Ангелов пак решително се заканува на владејачката коалиција: Доколку…

Партијата „Достоинство“ ќе ја напушти владината коалиција доколку не помине нејзиниот предлог за обештетување на 15-те семејства на загинатите бранители. Ова денеска го најави партискиот лидер и директор на ЦУК Стојанче Ангелов. Во изјава за  ТВ 24 тој рече дека се уште немале средба партнерите во Владата околу оваа тема.

– Постоеше добра волја од страна на премиерот, министерската Петровска настојуваше да ја истурка оваа одлука во влада. Кога видовме дека нема да помине, изработивме предлог закон за измени и дополнување постоечкиот закон за браители со само една точка – исправање на неправдата која се провлекува повеќе од 20 години. Бев изненаден кога во Собранието во првата фаза овој предлог закон доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од СДСМ. Ние на следните избори нема да бидеме дел од коалицијата предводена од СДСМ, со тоа што се уште не сме имале средба да зборуваме на оваа тема, рече Ангелов.

Ова не е за првпат Ангелов да најавува напуштањето на владината коалиција поради овој проблем.

Во декември тој изјави дека „соработката со СДСМ е минато“.

-Соработката со СДСМ веќе е минато. Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Оваа влада потфрли во суштината на „Достинство“. Прогласија само четири воедни инвалиди. СДСМ треба да го притисне ДУИ и Талат Џафери, изјави тогаш Ангелов.

Тој неодамна го повика и актуелниот претседател на Собранието Јован Митрески „да се одважи и да го стави законот за бранителите на гласање“.

Претходна вестНадрилекарка од Белград со фалсификувана диплома од медицински факултет имала ординација
Следна вестЛегализацијата на истополовите бракови во Грција ги разниша односите меѓу црквата и државата