Малолетник од Буковиќ прободен со остар предмет од малолетник од Бојане

Со повреди предизвикани од прободување со остар предмет се здобил малолетник денеска во близина на трговски центар „Мавровка“ во Скопје. МВР информира дека настанот се случил околу 13.30 часот.

-Денеска во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“, во близина на трговски центар Мавровка, малолетник од село Буковиќ, скопско, бил повреден со остар предмет од друг малолетник од село Бојане, скопско, стои во соопштението од МВР.

Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

-Во Полициската станица Бит Пазар се врши разговор со осомничениот малолетник во присуство на родител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

Претходна вестЌе се врши увид во вакциналните потврди на децата за примена вакцина против голема кашлица
Следна вестТошковски: Ќе им обезбедам кабини на Џафери и на Османи за да помогнат во фотографирањето на граѓаните