ВМРО-ДПМНЕ верува во Урсула фон дер Лајен и ќе ја поддржи како предводникот на листата на ЕПП за следните избори за европски парламент

На конгресот на Европската Народна партија, на кој се избира предводник на листата на ЕПП за следните избори на Европскиот парламент кои ќе се случат оваа пролет, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Урсула Фон Дер Лајен, актуелната претседателката на Европската комисија, најави Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Под мотото „Зајакнување, Зачувување, Заштита“ попладнево во романскиот главен град Букурешт започнува дводневниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП), на кој треба да биде одобрен партискиот Изборен манифест и избран водечкиот кандидат на партијата за евроизборите во јуни годинава.

Андоновски: рече дека ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажува својата европска ориентираност и присуство на најважните настани во ЕУ.

-Овој конгрес се смета за најголемиот европски собир кој се случува затоа што станува збор за собир на најголемата партија во Европскиот парламент, тоа е Европската Народна партија, каде што ВМРО-ДПМНЕ е членка, рече Андоновски.

Андоновски истакна дека на Конгресот на ЕПП се избира предводник на листата на ЕПП за следните избори на ЕП кои ќе се случат оваа пролет.

-Не треба премногу да зборувам за важноста на настанот, туку што во вашето вклучување покрај нас на 3 метра помина Урсула Фон Дер Лајен претседателката на ЕК. Како и вие што кажавте активно учествуваме на овој конгрес. Многу е важен затоа што се избира водачот предводникот на листата на ЕПП за следните избори на ЕП кои ќе се случат оваа пролет. Тоа ќе биде токму Урсула Фон Дер Лајен и се очекува дека и ние ќе ја дадеме поддршката за вкупните случувања во ЕУ, за подобра ЕУ, за ЕУ која е ориентирана кон Западниот Балкан, ЕУ која вистински ќе се грижи за реформи, за економски реформи за напредок, но во исто време ќе ги вклучува и земјите од целиот Западен Балкан при што и Македонија, рече тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски како и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски се во партиската делегација којашто ќе учествува на собирот.

Андоновски информираше дека на оваа посета ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со претседателот на ЕПП Манфред Вебер, претседатели и премиери на држави од регионот и од Европската унија.

Претходна вестСиндикатот на битолскиот универзитет го демантира Џафери: Документацијата за потпишување на Колективниот договор ја доставивме навремено
Следна вестЌе се врши увид во вакциналните потврди на децата за примена вакцина против голема кашлица