Жена го нападнала својот сопруг, претходно со нож му се заканувала на синот

Жена од гостиварско село го нападнала својот сопруг, а претходно со остар предмет му се заканила и на синот. Жената била задржана во полициска станица.

Според полицијата, вчера, околу 15.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар од слобода ја лишиле 46-годишната Л. К. од гостиварско село.

– Жената била пријавена од 63-годишниот сопруг дека претходната вечер физички го нападнала откако претходно со остар му се заканила и на синот, информираат од МВР.

Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, соопштија надлежните.

Претходна вестВладата: Одлуката на Уставен не значи дека автоматски ќе се зголемат платите за 78 проценти
Следна вестГрк пронајден мртов во стан во Карпош