Жичарница со ново работно време, јавниот превоз в недела со изменет режим поради маратонот

Жичарницата на Водно од утре, сабота (1.10.2022 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.

Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот Жичарницата не работи поради редовни сервиси.

Од ЈСП најавуваат и промени во режимот на сообраќајот во недела. Задутре, во период од 7 до 13.30 часот поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.

-Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б. Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57, се наведува во соооштението.

Линии со непроменета траса се градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45 и 65В и приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71 и 81.

-Ги потсетуваме сите учесници на маратонот, дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица), соопштија од ЈСП.

Претходна вестХаваријата на дел од каналот не ја загрози работата на ХЕЦ „Врбен“
Следна вестЧас паркирање во центарот на општина Центар ќе биде 100 денари