Жичарницата на Водно од денеска со ново работно време

Жичарницата на Водно од денеска ќе работи од 10 до 18 часот. Притоа, од 17 до 17.30 часот ќе биде последно возење од доле-нагоре, односно во 17.45 часот ќе биде последно возење од горе-надоле, соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

– Посоченото работно време е согласно одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичарницата не работи поради редовни сервиси, се истакнува во соопштението.

Линијата „25“, Транспортен Центар – Средно Водно, од недела ќе сообраќа по есенски режим на работа.

Претходна вестЗа убиството и пожарот во Хром две лица добија кривични пријави
Следна вестМНР на Кина: САД се империја на лагите