Жител на Гази Баба дома чувал нелегален пиштол со отстранет сериски број

Скопското Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

На 30 октомври, при претрес на домот на осомничениот на скопската улица Методија Андонов Ченто, кај него било пронајдено оружје – пиштол V.BERNADELLI GARDONE во калибар 7,65 милиметри и со механички отстранет сериски број, како и една рамка со седум куршуми.

За 30-годишниот осомничен, доставен е предлог за определување мерка притвор.

Претходна вестВо Македонија 1.275 нови случаи на Ковид-19, 13 лица починале
Следна вестВМРО-ДПМНЕ остави 1.071 каранфил пред Владата во знак на почит за починатите од коронавирус