Жител на Љубин крадел графички картички и струја

Полициски службеници од ЕВР Карпош, ЕВР Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 19:30 часот го лишиле од слобода Е. А. (39) од село Љубин, скопско, поради кражба на графички картички и електрична енергија.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ‘битмаин’ и графички картички, кои ги украл уште во март годинава на ул.„Петар Драганов“, а биле користени за копање биткоини. При претесот, исто така, било утврдено дека Е.А. врши и кражба на електрична енергија.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирањена случајот против него ќе бидат поднесени пријави за „тешка кражба“ и за „кражба на електрична енергија“.

Претходна вест(ФОТО) Џабе апелите возете одговорно: Камионче и кола се судрија на раскрсницата кај Градска болница
Следна вестПетмина приведени за вчерашниот протест во Мала Речица