Жителите на Лисиче ќе плаќаат комуналии за изградба на објекти намалени за 50 отсто

Советот на Град Скопје на последната седница го прифати предлогот на Општина Аеродром, за 50 отсто да се намалат комуналиите за индивидуално домување во населбата Лисиче.

Станува збор за иницијатива донесена од страна на Советот на Општина Аеродром во текот на месец јуни, која ги опфаќа жителите кои живеат на улиците: „ Ѓорѓи Капчев“ и „Тодор Чангов“, како и населените места Горно Лисиче и населба Лисиче.

Од Општина Аеродром апелираат до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во најбрз рок да ја спроведе оваа изгласана одлука.

Оттаму додаваат дека последната одлука донесена од страна на Советот на Град Скопје, а по иницијатива на општината е уште една потврда на заложбата на Општина Аеродром за решавање на проблемите на граѓаните, особено оние што во услови на сериозна финансиска криза предизвикуваат дополнителни финансиски оптоварувања на семејниот буџет.

Претходна вестПолицијата пронајде 77 мигранти, седумина од нив биле криумчари
Следна вестВремето денеска сончево и топло