ЖРК Металург го откажа настапот во Купот на Македонија

Бранителките на трофејот во Купот на Македонија,ЖРК Металург, нема да настапи на завршниот турнир кој ќе започне утре во Охрид.

ЖРК Металург се повлече од Купот поради штрајкот на ракометарките за неисплатени плати.

Поради штрајкот ЖРК Металург не го одигра натпреварот против Чаир, а исто така нема да патува и во Битола на дуелот со Пелистер во последното коло, во Суперлигата.

Откажувањето на ЖРК Металург значи дека директен пласман во финалето изборија ракометарките на Куманово. За второто место во финалето ќе се борат ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Вардар.

Претходна вестМухарем Инџе се повлече од трката за претседател на Турција
Следна вестМајмунските сипаници веќе не се закана