Го повикуваме Шилегов и неговите послушници во Советот на Град Скопје да се вразумат и да ја вратат старата цена на градскиот паркинг, изјави на денешната прес конференција Јелена Жугиќ, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
Жугиќ потсети дека Шилегов не само што ја зголеми месечната карта во катните гаражи кои се под надлежност на „Градски паркинг“ за 100 проценти, туку ја зголеми и цената за час на зонското паркирање за 5 денари.
– Оваа одлука е апсурдна! Во време кога градскиот превоз се одвива со намален капацитет и кога временските услови не дозволуваат користење на алтернативен превоз, велосипеди и тротинети, во време кога илјадници граѓани живеат во сиромаштија со 120 денари дневно, во време кога десетици илјади скопјани останаа без работа, СДСМ и Петре Шилегов го поскапеа паркирањето дури и до двојно повеќе. Парите во износ од над половина милион евра кои во сред пандемија ги потроши за пластични диносауруси и новогодишни сијалички, сега тој решил да ги наплаќа од граѓаните, нагласи Жугиќ.