Денеска, точно на пладне, во паркот „Бостание“ во Ново Лисиче, се „крева“ т.н. зимско арт-бостание.
Уметниците Владимир Лукаш, Тома Димовски, Сали Ертунч, Вук Митевски и Иван Ивановски ќе направат уметничка инсталација преку која ќе го претстават чудесното патување на едно невообичаено македонско семејство.
Организаторот на ова арт-бостание се момците од алтернативниот културен центар КЦ 750, односно момците со малото зелено фиќо што можеше претходно да се види и на други места во градот.