Браво: Злато, сребро и две бронзи за македонски математичари на Јуниорската балканска математичка олимпијада

Четири медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО) 2022 освои македонскиот математички тим, соопшти Сојузот на математичари на Македонија (СММ).

Златен медал освоил Дамјан Давков, сребрен медал освоил Леонид Тодороски, додека бронзени медали освоиле Димитар Фидановски и Марко Митевски

-На ЈБМО 2022 успешно учествуваа и Марко Серафимовски и Нина Ламева. Да забележиме дека, Дамјан Давков го освои златниот медал со максимален број бодови. На натпреварувачите им честитаме за постигнатиот успех на овој меѓународен натпревар, додаваат од Сојузот.

Претходна вестЌе го фатат ли Османи и Ковачевски последниот воз?
Следна вестПронајдено телото на момчето кое се удави во Беровско езеро