Зошто општина Гази Баба молчеше со недели за постројките за опасниот отпад во Железара?

Зошто дури денеска општина Гази Баба ќе ги информира своите жители за тоа каков отпад ќе се третира во населбата Железара? Зошто молчеше со недели? Толку време граѓаните алармираат за опасноста од аминувањето на локалната власт тука да се изградат постројки за термички, физички и хемиски третман на фабрички отпад. Општината денеска ќе информирала, рекоа вчера од таму, а прес конференцијата е закажана за 12 часот.

Претходно, градоначалникот Георгиевски напомена дека станува збор за локација ама надвор од урбано Скопје и дека отпадот кој ќе се третира нема да биде опасен. Сепак плановите кои се обелоденија во јавноста покажуваат нешто друго, односно дека жителите на Железара нема да можат да куртулат.

Молкот од општината им е симптоматичен и на еко-активистите. Tврдат дека веќе и го знаат инвеститорот на опасните постројки но не смееле да го откријат. Убедени се дека локацијата во среде населбата ќе биде искористена за секаков отпад.

Претходна вестСДСМ и ВМРО-ДПМНЕ договориле деблокирање на Собранието по неколку точки, Џафери не прифаќа приоритети
Следна вест„Танц фест“ повикува на конкурс млади кореографи до 35 години