СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ договориле деблокирање на Собранието по неколку точки, Џафери не прифаќа приоритети

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска свика вонредна координативна средба поради блокадите, на која присуствуваа координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и претставникот на политичката партија Левица.

Единствено е постигнат договор Собранието утре да продолжи со 32 седница, додека за натамошната динамика на работа, ќе се координираат дополнително.

Координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го известиле Џафери за кои точки е постигната согласност за деблокирање, но Џафери вели дека не смее одредени точки да бидат приоритет.

-Работата на Собранието треба да се деблокира на секое ниво и сите политички партии треба да ја напуштат праксата на заложништво на процесот на усвојување закони, немање кворум заради оправдани здравствени причини на пратеници поврзани со ковид– 19 пандемијата, или поднесување на огромен број амандмани по еден закон, рекол Џафери на средбата.

Претходна вестОбвинение за 11 лица кои издаваа пасоши со украден идентитет
Следна вестЗошто општина Гази Баба молчеше со недели за постројките за опасниот отпад во Железара?