Променливо облачно, температура до 14 степени

Во Скопје времето денеска ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.

И на останатото подрачје во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 10 до 17 степени.

Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, со променлив интензитет. В понеделник се очекуваат обилни врнежи на повеќе места.

Претходна вест„Танц фест“ повикува на конкурс млади кореографи до 35 години
Следна вестЈана Белчева: ДУП-от кај ГТЦ да се врати на ниво на план кој ќе оди на меѓународен конкурс