Темен режим Режим на светлина

Без дозвола возеле 22 лица, 17 телефонирале и возеле…

Сообраќајната некултура си царува на скопските улици. Полицијата уверува дека ја намалува.

Во изминатово деноноќие биле казнети вкупно 190 возачи поради најразлични сообраќајни прекршоци.

еѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 22 мерки, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 22 за возење без возачка дозвола. Изречени се 17 санкции за користење мобилен телефон, шест за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, две за недавање првенство на минување на пешаци и 48 санкции за непрописно паркирани возила, соопшти денеска МВР.

Дали овие контроли и казни вродуваат со задоволителен плод? Се повторуваат бројките секој ден, а очигледно е и на самите улици дека „здивените“ возачи се сеприсутни.

Од МВР уверуваат дека контролите ќе продолжат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособниот Шилегов месец дена не може да ја поправи фонтаната на плоштадот

Следна објава

Судската администрација револтирана: На списоците за вакцинација се само судии