Зошто политичарите не направија заедништво какво што имаат фудбалерите?

По толку многу нервози кои ни ги носат политичарите во Македонија, синоќа спортистите се потрудија малку да се развеселиме. Браво за Горан Пандев и неговата репрезентативна чета. Браво и за селекторот Ангеловски за победата врз трифејната Германија.

Освен што не израдуваа тие одржаа и неколку лекции на теренот во Германија. Всушност, големите спортски победи секогаш биле и големи лекции за сите: за победниците, за поразените, за целото општество. Дали сме подготвени да ги научиме?

Фудбалските аналитичари овој натпревар од сега сигурно ќе го третираат како нова лекција за концепција, за стратегија, тактика во фудбалот што ја замислил селекторот, а доследно ја спровеле сите оние кои излегеле на теренот. Но, тоа е само една од лекциите кои од сега па натаму ќе се учат.

Она друга, многу поважната, е лекцијата која ја одржаа македонските фудбалери е за тоа дека се може да се постигне со заедништво и упорност. Различни карактер и години, различни по етничко потекло, Македонци, Албанци, Турци… тие синоќа како и во циклусот за пласман на ЕП го облекоа и изигараа во македонскиот дрес, покажаа на најдобар начин што се може да се постигне кога се водат со една заедничка цел – да се постигне успех.

Фудбалерите имаа заедничка желба, имаа умешност и со давање се од себе за колективот, постигнаа голем успех. 

Зошто политичарите не успеаја за 30 години да направат такво заедништво? Многу селектори – читај премиери и претседатели се променија, ама поделбите во општеството само се продлабочуваа.

Се уште мислат дека со негување на раздор ќе успеваат? Зошто не даваат отпор ниту на обидите од надвор да се прави раздор во Македонија?

Се чини народот треба да им упати посериозни пораки на политичките селектори. На избори. А до тогаш, да се радуваме и учиме од фудбалските репрезентативци.

Претходна вестСончево со малку облаци и ветер
Следна вестЛев: Разочарани сме, не најдовме начин да ја разбиеме одбраната на Македонците