Лев: Разочарани сме, не најдовме начин да ја разбиеме одбраната на Македонците

По големата фудбалска победата на Македонија над германската репрезентавија свое видување даде и селекторот на Германија, Јоаким Лев. Разочаран е.

– Ние сме целосно разочарани, нашиот тим изгледаше премногу уморно. Немаше енергија во нашата игра, направивме премногу грешки. Кога брзо ја движевме топката, изгледавме опасно. Нашиот противник беше длабоко во својата половина, па не можевме да најдеме начин да ги разбиеме. Општо, ова е разочарување, го цитира Лев официјалната веб-страница на германската репрезентација.

За потсетување, Германија синоќа доживеа пораз (1:2) од македонската репрезентација во квалификацискиот меч за СП 2022. Головите за македонската репрезентација ги дадоа Пандев и Елмас.

Претходна вестЗошто политичарите не направија заедништво какво што имаат фудбалерите?
Следна вестСтанаа специјалисти за недореченост: Пописот почна или се одложува?