Зошто политиката, а не здравството односно Комисијата му пресуди на пописот?

Пописот се одложи по договор на двете најголеми политички партии во Македонија заради енормното зголемување на бројките на починати и новозаразени од ковид 19. Секако тоа е чекор за поздравување, во интерес на подобрување на здравствениот биланс во државата и евентуално масовно вакцинирање на населението, ако бројот на вакцини како што велат премиерот и министерот за здравство, прво стигнат на време и навистина ги „покријат“ сите граѓани на Македонија.

Но, она што фрла дамка врз одлуката е фактот што истата ја донесоа политичари, а не оние кои треба да се „прва буква и прв број“ во пандемиската вонредна состојба: комисијата за заразни болести и нејзиниот претседател. Зошто комисијата не го предложи одложувањето на пописот? Зошто тоа мораше да биде услов на опозицијата, за власта да попушти? Зошто политиката да го мери здравјето повеќе од лекарите во најважното тело во државата – кои се клучниот фактор во пандемиската ситуација и се платени за тоа?

Последната изјава на првиот доктор во комисијата беше дека тие не одлучуваат за тоа дали ќе има попис и дали треба да се одложи. Но кој треба да ја нарави проценката? Се разбира комисијата! Зарем политичарите треба да ни го кројат здравјето?

По одложувањето на пописот за во септември, сега јавноста бара построги мерки за спречување на ширење на заразата.
-Кога вакцини речиси и да немаме, луѓето си се шеткараат слободно, никој од надлежните за ништо не води сметка, првите луѓе си се возат со мотори низ земјата, а бројките се од црни поцрни – веројатно поголеми рестрикции ни се можно решение, порачуваат граѓаните.

Претходна вестЦрн ковид-биланс во 24 часа: 41 смртен случај, најмладата жртва е на 22 години
Следна вестНеобична случка во 41 на пат до Драчево: Промоција на новата поезија на Горан Китановски