100- годишнината од раѓањето на Блаже Конески на листата важни датуми на УНЕСКО

Во годината кога Бугарија го негира македонскиот јазик, тврдејќи дека е бугарски дијалект, УНЕСКО ја запиша 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески во календарот за значајни јубилеи во светот за 2021-ва година. На овој начин организацијата ќе помогне во уште една глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура бидејќи Конески е кодификаторот на современиот македонски јазик.

Следната година се планира да се направи голема, меѓународна конференција во Прилеп и во родното место на големиот Конески – Небрегово.

Еве само еден од многуте прекрасни и поучни цитати од Конески:

-Послушајте Македонци! Бидете на штрек пред секакви ‘правни’ диверзии, од каде и да идат, со кои се фрла кал на нашите свети датуми и нашите постигања. За нас повеќе отколку за сите други во светот јазикот претставува, со сè што е на него создадено како говорен и пишуван текст, најголемо приближување до идеалната татковина, тој е заправо единствената наша комплетна татковина…

Претходна вестКој да ја „пошуми“ свеста на „Македонски шуми“ за соголената Скопска Црна Гора
Следна вестМагливо и облачно на првиот зимски ден