102 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44, осум за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани
Следна вестУтре без струја повеќе делови на Скопје