Темен режим Режим на светлина

14-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

14-годишник е тешко повреден откако паднал со својот мотоцикл.

На 07.07.2023 во 01.30 часот на улица во с.Штука, струмичко, 14-годишник од с.Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „џилера 125“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, објавија од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Две лица вчера каснати од улични кучиња во Скопје

Следна објава

Казнети 522 возачи за брзо возење на територијата на цела држава