164 санкционирани возачи во Скопје, 16 зборувале по мобилен телефон

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои и 16 мерки за користење мобилен телефон, соопшти МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 17 мерки за возење без возачка дозвола и девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се и 43 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 12 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за некористење сигурносен појас…, се наведува во информацијата

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестСончево со мала облачност, попладне дожд, грмежи и ветер
Следна вестВучиќ: Нашето одбивање да бидеме дел од глутницата некому предизвикува главоболка