17-годишно момче загина во сообраќајна несреќа со мотор

Загина 17-годишно момче во сообраќајна несреќа на булеварот Гоце Делчев во Струмица, а кое било сопатник. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“.

– Вчера во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, струмичко. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал 17- годишен сопатник на мотоциклот, а лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт. Додека, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, информира СВР Струмица.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.

Претходна вестЗошто Спасовски со апел го решава проблемот со мангупите-функционери?
Следна вестКовачевски за неплаќањето струја во Слупчане: Секогаш постојат поединци кои сакаат да злоупотребат повеќе луѓе за свои цели