171 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции,соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 12 мерки за возење без возачка дозвола и 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се осум санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за нерегистрирани возила…, се наведува во соопштението.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестМотоциклист од Македонија загина на патот меѓу Подгорица и Цетиње
Следна вестКомисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе изврши увид во Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола