176 сообраќајни прекршоци во Скопје, до казни стасале и 15 пешаци

На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои и 15 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, соопшти МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 52 санкции за возење повеќе од дозволената брзина и 11 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредува полицијата

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Адеми да си поднесе оставка како пратеник, а потоа да одговара за нападите
Следна вестСДСМ: Нема да дозволиме хаос