20 отсто од закажаните вчера не се појавиле на вакцинација

Според информациите од Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани 730 граѓани на пунктовите во државата, односно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека околу 20 проценти од закажаните не се јавиле на закажаниот термин.

Вакцинацијата почна вчера во Скопје, односно во поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.

Утре, ќе почне и вакцинацијата во другите градови: Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.

Закажувањето термин го прави матичниот лекар, кој е должен на секој граѓанин да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт.

Пунктовите работат од 8 до 20 часот секој ден, од понеделник до петок.

 

Претходна вестСДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ здружено „за“ одложување на пописот – Алијанса и Алтернатива не попуштаат
Следна вестГерманскиот претседател се вакцинира со „АстраЗенека“, министерот за внатрешни работи одби