Германскиот претседател се вакцинира со „АстраЗенека“, министерот за внатрешни работи одби

Крајно различен однос кон вакцинирањето со вакцината на „АстраЗенека“ покажаа деновиве германските државни раководители. Познато е, во оваа земја здравствените власти во вторникот одлучија вакцината на „АстраЗенека” да не ја даваат на лица помлади од 60 години. Причината е нова загриженост за згрутчување на крвта кај мал број од оние кои ја примиле таа вакцина.

Но, тоа денеска не го спречи германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер (65) да ја прими првата доза вакцина против корона вирусот токму од овој производител.

Верувам во вакцините кои се одобрени  во Германија. Вакцинацијата е клучна за излез од пандемијата. Искористете ги можностите што ви се даваат, се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата.

Наспроти ова, германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска изјави дека не сака да го послуша повикот на министерот за здравство да се вакцинира со вакцината на „АстраЗенека“.

-Мојот одговор на повикот на Шпан е „не“. Не дозволувам никој да ми го наметнува своето мислење, рече Зехофер за „Билд“, притоа наведувајќи дека не сака да ја оценува таа вакцина.

На последната седница на Владата, министерот Шпан ги повика сите свои колеги постари од 60 години да се вакцинираат со вакцината на „Астра зенека“, со цел да се зголеми довербата во таа вакцина.

Претходна вест20 отсто од закажаните вчера не се појавиле на вакцинација
Следна вестИстече одлуката за кризна состојба – нема основа војската да остане на јужната и на северната граница