21 година од трагичното загинување на македонските бранители кај Љуботенски Бачила

Помина 21 година од масакрот кај месноста Љуботенски Бачила, кога загинаа осуммина припадници на резервниот состав на АРМ, а исто толку беа повредени. На тој, 10 август 2001-та, иако беше прогласено примирје и прекин на огнот, рано изутрината околу 8 часот, воениот камион на АРМ со сите војници во него, нагазил на две противтенковски мини.

Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав.

Денеска, трагичното загинување на бранителите се одбележува на три локации: во општина Ѓорче Петров на Спомен-чешмата на Томислав Настевски-Бумбар, на Споменикот на бранителите во Волково, каде е и т.н. централна манифестација, како и на Споменикот на бранителите во реонскиот парк.

 

Претходна вестСонце низ облаци претпладне, вечерва: пороен дожд и грмежи најавува УХМР
Следна вестУште трае борбата со пожарот кај Вапила и Сирула, охридско