Сонце низ облаци претпладне, вечерва: пороен дожд и грмежи најавува УХМР

После повеќе од две недели континуирани пеколни температури, денеска се очекува разладување во сите делови од Македонија. Според најавите на метеоролозите, сонцето ќе го има заедно облаци до претпладневните часови, но веќе потоа ќе следи промена со пониски температури. Како што велат од УХМР, не очекува пороен дожд и невреме.

Најизразено ќе биде во попладневните и вечерните часови, за кога е предвиден развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневната температура во Скопје ќе достигне до 31 степен, а меѓу 24 и 36 степени се најавени низ целата држава.

Претходна вестРегистрирани 679 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица
Следна вест21 година од трагичното загинување на македонските бранители кај Љуботенски Бачила